Ангеловска: Платите и пензиите ќе бидат исплатени на време, граѓаните се обезбедени, државните финансии се стабилни

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денеска во медија центарот на Владата одржа прес-конференција. Во продолжение, го пренесуваме интегралниот текст од обраќањето на министерката Ангеловска:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Финансиите се крвотокот на општеството и како министер за финансии во техничката Влада составена да организира слободни, фер и демократски избори, како и согласно начелата за транспарентност и отчетност според кои работиме, би сакала да ги информирам граѓаните за тековното работење на Министерството за финансии.

Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за вкупни приходи од 97%, на ДДВ од 100%, додека на придонесите од 101,2%. Очекуваме и ќе настојуваме и годинава да имаме добра реализација на приходната страна.

Работиме и на подобрување на наплатата на приходната страна – едниот начин е преку борбата против сивата економија. Тука можам да кажам дека во Министерството за финансии во напредна фаза е изработката на акцискиот план, кој преку низа мерки, кои се однесуваат на фискализацијата и спречувањето на даночната евазија, ќе ја адресира сивата економија. Втор начин е имплементација на технологијата во процесите, која ќе донесе поголема ефикасност и ефективност.

Расходната страна на буџетот, исто така, се сервисира редовно и согласно законските рокови:

Декемвриските пензии се исплатени навремено, а веќе од следниот месец пензионерите ќе добијат повисока пензија за 700 денари со исплатата на јануарската пензија. Во буџетот се обезбедени средства за покачувањето и обврската ќе се сервисира уредно и навремено. Ќе посочам дека со редовното усогласување на пензиите, пензиите ќе се усогласат за уште 160 до 200 денари што значи дека во 2020 година, пензиите ќе пораснат за околу 900 денари. Со ова покачување во 2020 година, просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или за три години просечната пензија ќе се зголеми за вкупно 1.746 денари.

Следниот месец ќе се исплатат и повисоки плати за 10% на околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции. Вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува 20,6%, имајќи ги предвид претходните две покачувања.

Во март, пак, ќе се исплатат повисоки плати во здравството и тоа: платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, додека пак на медицинските сестри за 10%. Кумулативно, со претходните зголемувања, основната плата на лекарот специјалист ќе биде повисока за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%.
Благодарение на мерката за субвенционирање на придонеси на фирмите кои ќе ја покачат платата на вработени до 6.000 денари, 8.200 фирми во ноември им ја покачиле платата на 47.200 вработени, додека во декември 22.600 фирми ја искористиле мерката за да им ја покачат платата на 114.000 вработени. За покачување на платите на овие лица се субвенционираат со 256,5 милиони денари (4,2 милиони евра) придонесите од страна на државата (исплатени 238,8 милиони денари или 3,88 милиони евра). На овој начин, освен што се излегува во пресрет на вработените, кои добиваат повисока плата, им се излегува во пресрет и на работодавците за да задржат квалитетни кадри, а воедно и се полни пензискиот фонд.

Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Со ова продолжува добрата динамика од минатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46% повеќе во однос на 2018 година, 28,18% повеќе во однос на 2017 година, 44,19% повеќе во однос на 2016 година и 42,46% повеќе во однос на 2015 година. Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност.

Следниот месец ќе се изврши и повратот на ДДВ кон граѓаните од мерката МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември во 2019 или околу 3,8 милиони евра. Инаку во првите две тримесечја мерката има одлични резултати – 213 илјади корисници, 52,5 милиони скенирани сметки со промет од 26 милијарди денари, од кои е наплатен ДДВ од 2,8 милијарди денари. Преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега се доделени 1,8 милиони денари награди и тоа 340.000 денари дневни награди и 1,5 милиони денари за месечните награди од по 100.000 денари.

Финансирањето на старите долгови исто така ќе се одвива непречено. На 29-ти јануари ќе ја исплатиме втората рата од ПБГ заемот од 2013 година од 155 милиони евра кои доспеваат во јануари. Кон крајот на годината доспева и еврообврзницата од 2015 во износ од 2015 во износ од 180 милиони евра. Овие заеми ги рефинансираме по неколкукратно пониска каматна стапка, благодарение на довербата на инвеститорите и водењето на прудентната политика на јавен долг. Аукциите на државни хартии од вредност се еден од начините за евтино рефинансирање на долгот, и тие се одвиваат согласно однапред утврдениот календар, два пати месечно (што е двојно помалку во однос на порано).

Во однос на други активности кои се во тек во Министерството за финансии, до крајот на месецот треба да биде готова платформата Јавен долг, со која во насока на фискалната транспарентност – и граѓаните ќе имаат јасен преглед за долгот, како и рефинсирањето, односно раздолжувањето. Исто така се подготвува платформа за сива економија со која ќе се работи на зголемување на свеста на граѓаните и зајакнување на борбата против сивата економија.

Почитувани граѓани,
Министерството за финансии е во служба на граѓаните. Граѓаните во секој момент ги заслужуваат најдобрите услуги од државата и максимална отчетност и транспарентност. Граѓаните не треба да се двоумат дали ќе се исплатат платите и пензиите – бидејќи како и секогаш тие ќе се исплатат навреме. Истото важи и за обврските кон компаниите. Програмите и проектите кои ќе ја зајакнат економијата и ќе обезбедат подобри услови за живот продолжуваат.

Граѓаните и одржувањето на здравите фундаменти на економијата отсекогаш биле наш приоритет и остануваат приоритет.

На крајот, ќе порачам нешто од лично искуство. Како човек кој доаѓа од приватниот сектор, научив дека секој момент треба да се користи за создавање на нови вредности, да се стремиме кон нешто подобро, бидејќи само така можете да растеме и да станете подобри. Секој од нас може да придонесе кон создавање на таа додадена вредност и подобри услови за живот кон граѓаните. Сите ние, како Влада, министри, технички министри, заменици министри, технички заменици министри, треба да се водиме според ова начело, и не сакам клишеа, но ќе кажам дека граѓаните се пред се – пред дневно политички поентирања, пред медиумско внимание, пред сопствените интереси.

Оттука ги повикувам сите политички фактори во земјата, особено опозицијата која веќе има свој ангажман во рамки на Министерството за финансии преку дополнителната заменичка министерка, да се однесуваат одговорно пред се пред граѓаните и пред јавните пари. Кон нив и кон граѓаните имаме обврска сите и затоа повикувам на одговорна и посветена работа за интересите на државата.