Делегација од Кабинетот на претседателот на Владата оддаде почит и положи свежо цвеќе по повод денот на Армијата на Република Македонија

По повод 18-ти август, Денот на Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија составена од Исмет Рамадани, надворешен соработник за НАТО прашања и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на партизанските гробишта во Скопје.

Делегацијата оддаде почит и положи венци од свежо цвеќе и пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.