Заев: Вонредна состојба не значи веднаш нови ограничувања и забрани за движење, полесно ќе се реализираат мерките за заштита на граѓаните

Одговор на новинарско прашање, Зоран Заев, претседател на СДСМ

П: Господине Заев со прогласувањето на вонредна состојба ќе се фокусира моќта во едно лице, дали тоа ќе биде така или владата како колективен орган ќе одлучи?
Ќе кажам што значи вонредната состојба, севкупно во државата заради тоа што една од причината за нејзино прогласување е и заради економските мерки. Ако дозволите јас само ќе споделам уште еднаш информации.
Значи согласно најновите информации од министерството за здравство бројот на заболени до денеска во 12:00 часот е 35 и сите се во добра здравствена состојба. Тоа е охрабрувачки, имам целосна доверба дека медицинскиот персонал е посветен на зачувување на нивното здравје. Јасно е дека бројот на заболени ќе расте, тоа се случува во сите земји во светот, како што епидемијата се шири. Во овој момент  е најважно сите целосно да се придржуваме до препораките и задолженијата кои што стигаат од институциите. Сите останати државни институции мора да се слушаат и покрај министерството за здравство, за да можеме да придонесеме сите кон што поефикасна борба против корона вирусот.
Апелирам  до граѓаните, особено да се придржуваат до препораките и задолженијата од Министерството за здравство во однос на заштита на здравјето на лекарите и медицинскиот  персонал. Тие се столбот на земјата во овие моменти и мора да бидат здрави за да можат да се грижат за јавното здравје. Ќе ја искористам овде можноста да кажам што значи вонредна состојба. Очекуваме да се прогласи вонредна состојба и еве ќе испратам една порака до граѓаните.
„Во секоја криза лежи нова можност“- вели една кинеска поговорка. Вонредна состојба прво ќе значи да се средиме сите малку повеќе, да бидеме посериозни и поодговорни и како луѓе и како институции. Да има ред, да има дисциплина. Да се спроведуваат и  почитуваат обврските кои ги даваат институциите, а сите институции да бидат уште поодговорни и попрофесионални кон граѓаните, кон правните субјекти, како што и во моментот одличен пример е Здравството, а и другите институции кои што асистираат.
Вонредната состојба значи исто така дека ќе работат сите објекти и дејности како што работеле и до сега. Освен ако Владата со уредба со законска сила не затвори некоја дејност или објект, како што беа досега угостителските, туристичките објекти и влијанието врз транспортот.
Второ вонредна состојба значи дека ќе може да излегуваме, секако пред се денски, да завршиме неопходна работа и да се вратиме дома или на работното место, но мора сериозно уште повеќе да бидеме сериозни, затоа да одиме да завршиме работа со заштитни ракавици и маска на устата и да се вратиме, притоа да внимаваме максимално.
Исто така ќе смеат старите луѓе да излегуваат но доколку мораат да завршат одредена работа. Препорака сериозна е да си седат дома доколку не мора да излегуваат, да се обратат до својата матична општина и да побараат волонтери коишто се обучени и заштитени да им асистираат при завршување на самата потребна работа за старите луѓе. Дезинфекциски заштитни средства значи задолжително да се  користат, при секое излегување или контакт со трети лица.
Движењето ќе се забрани ако има полициски час. Вонредната состојба не значи полициски час, а ќе има полициски час ако не ги почитуваме претходните мерки. Затоа граѓаните треба да бидат уште посериозни и уште поодговорни. Заштитувајќи се себеси ги штитиме сите околу нас.
Секако Владата ќе може да носи уредби со законска сила и тоа ќе се употреби исклучиво транспарентно за заштита на здравјето на граѓаните и секако за спроведување на економски мерки за справување со економските последици од кризата.
Владата работи транспарентно, секако уредбата со законска сила ќе значи сериозна алатка, механизам и можност да уште поефикасно се справиме со корона вирусот.