29/03/2024
Македонија

Анализа на случај на Фемициди-убиства на жени во Република Македонија во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

 Семејното насилство, особено од аспект на насилството мотивирано од родова омраза, односно родовата побуда како мотив, како проблем  е многу повеќе од статистички бројки. Наша обврска е да изградиме општество кое ќе ја штити жената како столб на семејството, рече министерот Оливер Спасовски на денешната промоција на Анализа на случај на Фемициди-убиства на жени во Република Македонија во организација на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, што се одржа во Скопје.  

-Што се однесува до феноменот на “фемицид“, што впрочем е и главна тема на овој денешен собир, односно презентацијата на истражувањето, т.е анализата за така мотивираните кривични дела во Република Македонија, сакам примарно да нагласам дека во нашата кривично-правна практика омразата како мотив има своја соодветна нормираност но, не во контекстот на терминолошката дистинкција што ја нуди поимот “фемицид“, кој тргнува од премисата за злосторство врз жената само заради тоа што е жена. Се разбира нашата правна теорија веројатно многу скоро ќе мора, да се произнесе околу содветното кривично-правно третирање на фемицидот, особено од аспект на Истанбулската конвенција што беше ратификувана од страна на македонскиот парламент. Сакам да нотирам, како во поглед на “фемицидот“ така и генерално во поглед на семејното насилство, дека институциите на системот прават сериозни напори во насока на елиминирање на сите општествени околности, пред се во сферата на економските, образовните, социјалните стандарди, кои што на еден или друг начин имаат негативно влијание врз семејството или врз родовата еднаквост“, рече Спасовски.