28/03/2024
МакедонијаСтруга

Бектеши: 16 милиони евра поддршка од Владата за ваучери за домашен туризам и домашна платежна картичка за 100.000 граѓани

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Струга одржа состанок со претставници на Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ ) и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко.

На станокот министерот ги презентираше мерките за поддршка на туризмот од Третиот пакет мерки на Владата и ги слушна барањата и мислењата на туристичките работници за тоа како побрзо да се рестартира овој сектор.

Министерот ги информираше туристичките работници дека во Третиот пакет мерки кој го донесе Владата предвидени се ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка како што потенцираше Бектеши се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи. Како што кажа Бектеши ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.

„Денеска ми беше чест и задоволство заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, претседателот и членовите  на ХОТАМ,  отворено да разговараме за последните мерки за подршка на секторот туризам ,кои ние како Влада веќе ги усвоиме. Ја искористив оваа можност пред присутните да го објаснам начинот за реализација на мерките, кои се резултат на нашата заедничка координација на сите засегнати страни во секторот туризам, при што ние како претставници на Владата отворено разговаравме, но воедно и ги разгледавме нивните сугестии, коментари и барања а во интерес на хотелиерството во целина како и подобрување на услугите за сите посетители на нашата држава“, истакна Бектеши.

Министерот информира дека во сетот на мерките во третиот економски пакет, предвидени се над 16 милиони евра,  односно на над 100 илјади граѓани ќе им се доделат ваучери, со цел да ги искористат во категоризираните хотели но и во приватни капацитети категоризирани во склоп на општините, со што ќе се поттикне потрошувачката, ќе се  подржи овој многу важен сектор за економијата во нашата држава. 

Бектеши истовремено истакна дека веќе наредна недела очекува дека ќе ја имаат првичната драфт верзија на јавниот повик за оваа сезона. 

„Како министерство за економија и како Влада, продолжуваме посветено да работиме и да се координираме со сите засегнати страни во секторот туризам, се со цел заеднички да го надминиме со што  помал ризик ова здравствена но секако и социо економска криза“, рече Бектеши.

Претседателот на ХОТАМ ја искористи можноста да се заблагодари на министерот за економија и градоначалникот, за укажаната можност за дискусија на овој состанок многу важен за туристичкиот сектор , затоа што секојднево се соочуваат со се повеќе откажувања од странски тур оператори, а  надежта ја  гледаат  токму во домашните гости. 

„Се собравме да дискутираме како тоа технички би се реализирале мерките за брзо време бидејќи сезоната почнува многу брзо. Загубитесе големи , посебно во хотелско-угостителскиот дел, но исто така и во ресторанскиот дел,   но мораме сето ова да го надминеме заеднички и да продолжиме понатака. Земјите од регионот веќе полека почнуваат да се отвараат, се надевам дека и нашите стручни служби ќе излезат со препорака за отварање на сезоната, дека оваа пандемија за брзо време ќе заврши а ние ќе можеме да функционираме нормално понатака.

“Денешната средба е уште една потврда дека заложбите кои ги превзема министерот за економија и Владата генерално  за помош на туристичкиот сектор, се добредојдени и во охридско-струшкиот регион. Искрено посакувам што поскоро враќање во нормала на турстичкиот сектор, посета од домашните гости но секако добредојдени се и странските туристи“ истакна Мерко.