16/04/2024
Македонија

Владата на РСМ и Националниот Координативен Центар за Гранично Управување со повеќе иницијативи за регионални проекти во сообраќајот, безбедноста и царинските работи

Во календарот на Владата на Република Северна Македонија и на Национален Координативен Центар за Гранично Управување предводен од нацоналниот координатор за гранично справување Владимир Пивоваров, во наредниот период се испланирани неколку настани во земјата и во регионот кои имаат за цел да ја олеснат комуникацијата, сообраќајот, безбедноста и царинските работи на граничните премини во земјата и во граничните појаси на нашата и соседните земји.

Владата на РСМ, во координација со Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа, а во соработка со ОБСЕ, на 1. и 2. Април оваа година ќе се организираат меѓународна конференција „Борба со криминалот на границите“ на која ќе присуствуваат највисоките претставници на нивните полициски и царински структури на Турција, Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, како и Косово, најверојатно како гостин на конференцијата бидејќи земјата не е член на ОБСЕ.

Тема на конференцијата е „Бобра со криминалот на границите“, на која ќе се предложат решение од законски, технички и оперативен аспект со цел надминување на појавата на нелегалното криумчарење и транспортирање мигранти во камионскиот транспорт. Од конференцијата се очекува да биде донесен заеднички прифатлив заклучок за решавање на ова прашање, кој ќе биде доставен до владите на сите земји учеснички, за негово разгледување и можно имплементирање.

Вториот проект, кој се очекува да биде реализиран е посветен на борбата и мерките против корупцијата на граничните премини. Со овој проект се предвидува потпишување Меморандум за соработка со Асоцијацијата на превозници во Република Северна Македонија – МАКАМ ТРАНС.

Од соработката што треба да произлезе од заедничката соработка со МАКАМ Транс е нивните членови-превозници на кои на граничните премини ќе им биде побарано мито од страна на цариник, полицаец или инспектор за храна и ветерина, таквата информација да ја достават до нивната централа, која потоа ќе биде проследена до Дежурниот Оперативен Центар при Национален Координативен Центар за Гранично Управување. Центарот ќе има обврска таа информација веднаш да ја сподели до надлежната институција за понатамошно постапување. За бројот на примените и дистрибуирани информации, Координативниот Центар ќе доставува месечен извештај до Владата на Република Северна Македонија.

Врз основа позитивното искуство и резултати Меморандум за соработка меѓу МВР на РСМ и Царинската Управа за побрз проток на стоки (земјоделски производи, лесно расиплива стока, лесно запалливи материи – АДР и празни камиони) со што беше воспоставена брза (зелена) лента на граничните премини на влез и излез на нашите гранични премини, Владата на РСМ и Национален Координативен Центар за Гранично Управување иницираат системот „зелена лента“ да биде воспоставен на сите гранични премини и, во соработка со соодветните надлежни министерства и царински управи на соседните земји, проектот да добие регионална димензија.

Позитивни искуства и насоки за развој на проектот се стекнати и од проектот за брза размена на информации за прекини на товарниот сообраќај на нашите и на гранични премини на Косово, како и во граничните појаси на двете земји, претежно заради временски непогоди, кој е реализиран со Меморандум за соработка на Владата на РСМ со Владата на Република Косово.

Искуствата од оваа соработка се споделени со Република Бугарија, Република Грција и Република Албанија, кои изразија подготвеност овој процес да биде заокружен меморандуми за соработка на сите соседни земји од кој директен бенефит ќе има бизнис секторот во регионот.