19/04/2024
Македонија

Денеска се оздравени 16 пациенти, потврдени 17 нови случаи на КОВИД0-19 – починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје 7, Куманово 6, Прилеп 2, Велес 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.

Во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 3, Куманово 2, Прилеп 3, Тетово 6, Велес 2, Битола 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.740, бројката на оздравени пациенти е 1.251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392. 

Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 592, активни 134
  • Куманово 413, активни 43
  • Дебар 51, активни 0
  • Штип 35, активни 1
  • Прилеп 193, активни 63
  • Тетово 131, активни 68
  • Струга 69, активни 6
  • Велес 113, активни 49
  • Битола 26, активни 7
  • Охрид 17, активни 2
  • Кавадарци 5, активни 0 
  • Гостивар 19, активни 3
  • Гевгелија 4, активни 0
  • Струмица 2, активни 0
  • Крива Паланка 6, активни 2
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 3, активни 0
  • Кочани 31, активни 4
  • Пробиштип 2, активни 0
  • Кичево 2, активни 0
  • Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) 
  • Демир Хисар 1, активни 0
  • Македонски Брод 2, активни 0
  • Пехчево 3, активни 1
  • Делчево 1, активни 0
  • Валандово 1, активни 1
  • Виница 2, активни 0
  • Кратово 2, активни 2
  • Берово 1, активни 1

Направените 460 теста се преку: ИЈЗ 257, Ветеринарен факултет 14, Авицена 8, Биотек 20, Филип Втори (Жан Митрев) 33, Систина со PCR метода 19 и МАНУ 109. Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на КОВИД-19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 225 теста се направени во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 135 лица од Битола, каде е регистриран 1 позитивен случај, а преку МАНУ тестирани се 90 лица од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 23 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.