29/03/2024
Македонија

Денеска се потврдени 14 нови случаи на ковид 19, оздравени се 20 пациенти, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје 1, Куманово 9, Прилеп 2, Велес 7 и Битола 1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 5, Прилеп 2, Тетово 1 и Велес 6.

Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 531, активни 130
  • Куманово 404, активни 61
  • Дебар 51, активни 0
  • Штип 35, активни 2
  • Прилеп 169, активни 62
  • Тетово 96, активни 42
  • Струга 67, активни 16
  • Велес 101, активни 46
  • Битола 22, активни 3
  • Охрид 15, активни 9
  • Кавадарци 5, активни 1 
  • Гостивар 17, активни 3
  • Гевгелија 4, активни 0
  • Струмица 2, активни 0
  • Крива Паланка 6, активни 2
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 3, активни 0
  • Кочани 31, активни 5
  • Пробиштип 2, активни 0
  • Кичево 2, активни 1
  • Неготино 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       
  • Демир Хисар 1, активни 0
  • Македонски Брод 2, активни 1
  • Пехчево 2, активни 2
  • Делчево 1, активни 1
  • Валандово 1, активни 1
  • Виница 2, активни 1
  • Кратово 1, активни 1

Направените 242 теста се преку: ИЈЗ 107, Ветеринарен факултет 11, Авицена 3, Биотек 38, Филип Втори (Жан Митрев) 42, Систина со PCR метода 22 и МАНУ 19. Досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. 

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.