28/03/2024
Охрид

Кај охриѓани пронајдена поголема количина риболовен алат и улов на риба

На 20.05.2020 во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, во близина на брегот на Охридско езеро, биле забележани М.П.(65), Е.З.(35) и Е.З.(31), сите од Охрид, со риболовен алат и вреќи со улов, по што го напуштиле местото.
По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба. Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.