29/03/2024
Македонија

Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ не сака независна ДКСК, тие се ЗА корупција, а ние сме ПРОТИВ корупција

Прес конференција, Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во криминали и корупциски скандали, го кочи изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на коруцијата.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Разликата е во концепти. Тие се ЗА корупцијата, ние сме ПРОТИВ корупција.

ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна “борба” против корупцијата – ние сме за суштинска борба.

Околу тоа нема компромиси со никого – ги следиме препораките на ЕУ која даде многу позитивно мислење за предлог законот и затоа Законот ќе оди со европско знаменце во Собранието.

Македонија ќе добие силно независно регулаторно тело кое суштински, а не деклараторно, ќе застане и ќе се спротистави на корупцијата во нашата земја. Така се гради држава по европски стандарди.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат силна, независна Државна комисија за спречување на корупцијата.

Да сакаа вистинска броба против корупцијата, немаше да бидат против тоа ДКСК да има ингеренции во делот на финансирањето на политичките партии.

Нема борба против корупцијата ако финансирањето на политичките партии остане надвор од ингеренциите на ДКСК. А токму тоа го бара ВМРО-ДПМНЕ заглавена во скандали поради партиско богатење.

Да се залагаа за вистинска борба со корупцијата ВМРО-ДПМНЕ немаше да бара Комисијата да нема директен увид во сметките на функционерите.

Не може да има вистинска борба против корупцијата доколку ДКСК, како независна институција која е надвор од извршната власт, не ги контролира сметките на избраните функционери.

За да ја ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага и формирање на некаков Национален совет.

Разликата во концепти е јасна.

ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сака да ја ослабне позицијата на најсилната независна институција за борба проитв корупцијата, ние од парламентарното мнозинство сме за силна, професионална и независна Државната комисија за спречување на корупцијата.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го блокира изборот на независна и силна Државна комисија за спречување на корупцијата.

Македонија конечно ќе добие вистинска силна и суштинска независна институција која се бори против корупцијата.

Одговори на новинарски прашања