29/03/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој предизвикал тепачка пред угостителски објект

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(27) од струшката населба „Плитишта“.

Тој, казненото дело го сторил на 30-ти ноември оваа година, околу 17 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Струга кога, најнапред предизвикал вербална расправија со Л.Ч.(37) од Струга, а потоа и физички го нападнал.

Истиот, веднаш бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била дадена неопходната медицинска помош.