29/03/2024
Македонија

МЗ: Нема опасност од зараза со МРСА, во Стоматолошкиот клинички центар се преземени сите превентивни мерки

Од страна на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје сме информирани дека нема опасност од зараза со МРСА, откако кај еден од вработените е најдена оваа бактерија.

Во установата се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Вработениот кај кој е потврдено присуство на бактеријата, е изолиран и не доаѓа на работа.

Превентивно, извршена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории.

Веќе се вршат превентивни прегледи и на останатите вработени во установата.

Уште еднаш нагласуваме дека нема опасност од зараза и Стоматолошкиот клинички центар непречено и континуирано обезбедува здравствени услуги за пациентите.