29/03/2024
ДебрцаМакедонија

Објавен јавниот повик за млади земјоделци, годинава финансиската поддршка е зголемена на 20.000 евра

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска го објави јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“. Од денеска до 3-ти март годинава сите млади земјоделци до 40 години ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство. Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во село Лешани, општина Дебарца, беа во посета на еден од корисниците на оваа мерка од претходниот јавен повик, од каде што ги повикаа сите млади земјоделци до 40 години, да поднесат барања за финансиска поддршка преку оваа мерка.

„Оваа Влада од почетокот на мандатот си постави за цел, да создаде поволни услови за младите да останат во своите родни краишта и таму да работат. Затоа дел од мерките што ги преземаме во земјоделството, се во насока на поголема вклученост на младите во овој сектор. Оваа неповратна финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства“, изјави министерот Димковски.

Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и земјоделското стопанство да не користело помош од мерката 112 Млади земјоделци. Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања. Директорот на АФПЗРР, Бабовски посочи дека вработените во Агенцијата стојат на располагање за сите потребни информации за поднесувањето на барањата.

„Барателите на оваа поддршка потребно е да креираат електронско барање со податоци за локацијата на инвестицијата и електронски да ги прикачат понудата, деловниот план за предлог инвестицијата и истите на крај да ги испратат по пошта или да ги донесат лично во Агенцијата. Барањата и целата документација може да се најдат на веб страната на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2020,“ изјави Бабовски.

Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Повеќе информации за повикот на следниот линк: