25/04/2024
Струга

ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга со честитка за Богојавление – Водици

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите православни верници им го честита големиот христијански празник, Богојавление – Водици.

„Денешниот ден претставува еден од најрадосните празници во православието. Исусовото крштевање е симбол на почетокот на човековото живеење и духовното раѓање.

Нека овој ден сите го поминат во слога и мир, радост и среќа, бериќет и хармонија. Да ги споделуваме овие вредности на меѓусебно почитување и разбирање зашто само така е возможно обединување и единство.

На чинот на спуштање на Светиот крст и осветување на водите на реката Црн Дрим ќе присувствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски.“- стои во честитката.