20/04/2024
Македонија

Посета на министерот за надворешни и европски работи и Министер за имиграција и азил на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн на Република Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес, му беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

Ова претставува трета официјална средба на министрите за надворешни работи на двете земји во последнава година, што претставува потврда за динамичниот политички дијалог на високо ниво меѓу Република Македонија и Големото Војводство на Луксембург.

МНР Димитров го брифираше својот колега од Луксембург за актуелните внатрешни состојби во земјата, како и за надворешно–политичките приоритети, со акцент на подготвителните активности за референдумот. Беа разменети и мислења за потенцијалот за натамошниот развој на севкупната билатерална соработка, при што МНР Димитров изрази благодарност за континуираната техничка помош и поддршка од Лускембург за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство.

Министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Аселборн, го поздрави постигнувањето на Договорот со Грција потенцирајќи ја неопходноста од негова реализација за членство на Република Македонија во НАТО и формално започнување на пристапни преговори со ЕУ.

За време на посетата, двајцата министри ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.