28/03/2024
Македонија

Преземени се сите неопходни мерки за санирање на состојбата во МРТВ, не постои опасност од пожар

Службата за општи и заеднички работи во целост ја санираше состојбата со поплавените простории во Македонската радио телевизија. Освен исцрпување на водата од просториите и лифтовите, поради претпазливост, во објектот на МРТВ била исклучена и струјата, а биле поставени и вреќи со песок, за да се спречи водата да навлезе во останатиот дел од објектот.

Службата за општи и заеднички работи и Владата на Република Македонија ги уверуваат вработените, но и целата јавност дека не постои опасност за појава на пожар во објектот на МРТВ.

Инаку, просториите на вториот кат биле поплавени утринава, поради пукање на хидрант. Истите ги користи Министерството за внатрешни работи.