28/03/2024
Македонија

Приведен Индиец на ГП „Богородица“, се обидел да прокриумчари сограѓанин во багажникот од возилото

На 29.12.2019 во 12.00 часот на Граничен премин „Богородица“ од страна на полициски службеници бил лишен од слобода М.С.(22) од Индија, со италијанска лична карта, затоа што во возилото „фиат пунто“ што го управувал, а било со италијански национални ознаки, се обидел да прокриумчари мигрант. При контрола во возилото бил откриен Р.С(22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.