28/03/2024
Македонија

Прием на учесниците во проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска приреди прием за студентите од додипломски, постдипломски и докторски студии, коишто во рамки на проектот „Ден со македонските водечки извршни директори”, беа избрани да поминат еден работен ден со менаџери на успешни компании во Република Македонија.

Проектот по втор пат се реализира под покровителство на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во организација на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Програмата ќе се реализира во периодот од декември 2018 година до март 2019 година, а меѓу успешните менаџери кои ќе ја спроведуваат обуката се Штефан Петер од ЕВН Македонија, Илина Јакимовска од „Комфи ангел”, Волфганг Марингер од „Арчелор митал”, Ајхан Узун, „Рамстор” и Алпер Ерсој „ТАВ Македонија”.

Главна цел на проектот е избраните студенти непосредно да се запознаат со работниот ден на еден врвен менаџер, да навлезат во процесите на водењето на компанија, да стекнат нови знаења, практични искуства и вештини кои ќе придонесат за развој на нивниот претприемачки дух.

Ucesnici_na_FIC_02