29/03/2024
Македонија

Работилница за претставниците на локалните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција

Денеска и утре во „Холидеј Ин“, во организација наНационалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и УНХЦР Скопје,  се одржува работилница за претставниците на локалните комисии за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

Воведно обраќање на работилницата имаше државниот секретар на Министерството за внатрешни работи, воедно и Национален координатор на НКТЛИМ, м-р Магдалена Несторовска, која меѓу другото истакна: „Зајакнувањето на соработката со локалните комисии претставува стратешки приоритет на Националната комисија, утврден во Стратегијата  за борба против трговијата со луѓе и илегални миграции. Целта на Националната комисија е да се зголеми бројот на локалните комисии, односно тие да се формираат во сите градови каде ризикот од трговија со луѓе е голем, но паралелно со тоа да го зајакне и капацитетот на постоечките локални комисии“.

На работилницата учествуваат претставници на локалните комисии од Куманово, Велес, Штип, Гевгелија, Прилеп и Битола, а беа презентирани предизвиците со кои се соочуваа и НКТЛИМ, како и спроведените и идните активности на локалните комисии.