19/03/2024
Македонија

Хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ, даруваме од срце, помагаме на нашите сограѓани

Изјава за медиуми, Кристина Пеповска од Форумот на жени на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска овде во Скопје и низ сите градови низ Македонија Форумот на жени на СДСМ заедно со Црвениот крст и хуманите граѓани, ја организира традиционалната хуманитарна акција Дарувај со срце.

На пунктовите во градовите низ Македонија донираме топла облека, обувки и постелнина за граѓаните на кои им е најпотребна во овие студени зимски месеци.

На овој начин го одбележуваме и Меѓународниот ден на човековата солидарност – 20 декември и даваме скромен придонес во овие предновогодишни денови да внесеме топлина во домовите на бројни семејства.

Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помаѓање се вредности на кои се темели социјалдемократијата. Како Форум на жени на СДСМ постојано ги негуваме овие вредности и остануваме посветени на заложбите за обезбедување услови за достоен живот на сите наши сограѓани.

Паралелно со политиките на Владата предводена од СДСМ за подобрување на условите на живот, политики кои обезбедуваат социјална правда и извлекување од сиромаштија, хуманитарните акции на Форумот на жени ќе продолжат и во иднина.

Се грижиме за нашите сограѓани, градиме социјално правична држава.

a