29/03/2024
Македонија

Честитка на Кирацовски за Свети Сава: Да ја градиме Македонија како едно општество преку меѓусебно помагање и разбирање

По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и мирен и квалитетен живот.

Непроценливото богатство на традиции, вредности и различности што во себе го носи Македонија, ја прават посебнна држава со која се гордееме.

Нека различностите, меѓусебното разбирање и помагање што ги негуваме ни бидат поттик секојдневно да ги подобруваме условите за живот, да ја градиме Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани.

Со тоа, даваме пример и на идните генерации да ја почитуваат традицијата на меѓусебни односи и културни особености како универзална вредност на нашата држава.

Имајте убав празничен ден“.