28/03/2024
Македонија

О2 предизвик – Нов повик на Фондот за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик „О2 предизвик“ преку кој ќе финансира пилот иновативен производ, услуга, процес или методологија со кои ќе може да се придонесе во намалување на загадувањето на воздухот.

На повикот можат да аплицираат микро, мали и средни претпријатија со решенија од неколку области: користење енергија на греење, транспорт и мобилност и градежништво и урбани алтернативи.

За оваа намена се одвоени 6 милиони денари. Фондот ќе финансира 90 проценти од потребните средства за реализација на секој од избраните проекти, а останатите 10 проценти ги покриваат апликантите. Крајниот рок за аплицирање е 30 ноември 2017 година.

Повеќе информации може да се обезбедат на интернет страницата на Фондот, http://www.fitr.mk/