1 ноември е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 1 ноември 2019 година (петок), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.