29/03/2024
Македонија

13 загинати во сообраќајката со превртениот автобус кај Карпалак

Во сообраќајната несреќа што денес се случи кога се преврте автобус на автопатот Скопје-Тетово загинаа 13 лица, информираше министерот за здравство Венко Филипче. 

Од загинатите, седуммина настрадале на лице место, а другите починале на клиниките по неуспешната реанимација. 

Филипче соопшти дека во болницата „8 Септември” се донесени 25 пациенти, од нив 22 се полесно повредени и се хоспитализирани, тројца се полесно повредени, четворица се сместени на интензивна нега. 

Во Ургентниот центар се наоѓаат петмина пациенти, тројца полесно повредени. Од нив една е бремена жена, еден пацент се подготвува з ахируршка интервенција, а еден е во крајно тешка состојба. 

На местото на несреќата биле упатени возила на Итната медицинска помош од Здравствен дом Скопје, како и од болниците Неуромедика и Систина. 

Извор: www.mkd.mk