18 годишен охриѓанец крадел во цркви во Рамне и Велестово

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Б.(18) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и сторени кривични дела „тешка кражба“ во обид.
Во периодот 22.03. до 24.03.2020 пријавениот, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во три цркви, една во с.Рамне и две во с.Велестово, при што во два наврата не одзел ништо, а во еден случај одзел пари.