19/04/2024
Охрид

18то издание на Интернационалниот музички натпревар „Охридски бисери“

Со пригодна свеченост, вчера, започна 18. издание на интернационалниот музички натпревар „Охридски Бисери“. На отворањето свое обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Филип Јованоски.

– Охрид покрај тоа што е туристички и културен центар, слободно може да го носи епитетот најфестивалски град. Покрај најголемата културна манифестација „Охридско лето“, се одржуваат и бројни фолклорни, фестивали на класична музика, забавна, фолк, рок, поп и етно музика. Сите фестивали, во текот на годината привлекуваат огромен број на посетители, сите си имаат своја публика, но сите заедно создаваат еден специфичен амбиент кој е магнет за привлекување што поголем број домашни и странски туристи. Своето обраќање ќе го завршам со мислата на големиот Фредрих Ниче: „Без музика, животот би бил грешка“.  Убавото време искористете го за прошетка низ Охрид, и се надевам дека сите ќе понесете убави спомени од древниот град, истакна Јованоски.

Натпреварувањата ќе се одвиваат во повеќе дисциплини и категории. За сите учесници предвидени се признанија за учеството, а за најдобрите предвидени се вредни награди.