28/03/2024
Охрид

19 ученици од 7 училишта од Охрид во трка за титулата „Најдобар библиотекар за 2019“

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид денеска се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари”.

Радува податокот што интересот за натпреварот меѓу учениците се зголемува. Своите знаења денес ги тестираа 19 ученици, од основните училишта: „Св.Климент Охридски“, „Григор Прличев“, „Христо Узунов“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св.Наум Охридски“ и „Ванчо Николески“.

Ментори на учениците натпреварувачи беа: Валентина Рубаноска, Мери Крстеска, Санта Миткова, Фила Веровска – Стојковска, Наташа Митреска и Ана Пупиноска – Стојкоска.

Резултатите од натпреварот како што ни соопштија од Комисијата во состав: Весна Симоновска, Елизабета Бојчевска и Никола Ристовски, вработени во Библиотеката, ќе бидат познати во текот на следнатa недела. Најдобриот ученик ќе го претставува Охрид на Републичкиот натпревар во Скопје закажан за 15 ноември.

Организатор на натпреварот е Библиотекарското здружение на Македонија.