Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираа фудбалски натпревар помеѓу стари и млади.

Натпреварот се одигра во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 8:6, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти.

После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid