Започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“

Со полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Христо Узунов во двор на училиштето денес започнаа активностите за одбележување на патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“. Оваа година се одбележуваат 112 години од смртта на Узунов.

Покрај делегација на училиштето, предводена од директорот на училиштето, м-р Тони Симоновски, свежо цвеќе на бистата на Узунов положија заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ангел Јанев, советниците при Советот на Општина Охрид, Јованка Точко и Дејан Пановски, МПЗ „Mетодија Патче– Охрид, ветерани, како и ученици.

Одбележувањето продолжува вечерва во 18:30 часот, во изложбениот салон  на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид каде што ќе биде отворена изложба на ликовни творби на учениците од ова училиште. Продолжува со свечена програма во 19:00 часот.

Активностите ќе продолжат на 23.04.2017 година (недела), во 18:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, каде што ќе се одржи Меѓународен фолклорен фестивал „Христо Узунов“.

Активностите завршуваат во понеделник (24.04.2017 година), со полагање на свежо цвеќе и историски час пред спомен обележјето на Христо Узунов во градскиот парк во 9:00 часот, како и ќе се одржи Панихида и свечена програма по повод 112 –годишнината од смртта на Христо Узунов на споменикот во с.Цер, Кичевско во 11:00 часот.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid