29/03/2024
Струга

23 годишно лице прободено со нож на патот пред Долна Белица

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.М.(32) од струшкото село Радолишта.

Тој, казненото дело го сторил на 17 овој месец на локален пат пред селото Долна Белица кога со патничкиот автомобил што го управувал и го попречил патот на Б.И.(19) по што се случила вербална расправија со Ш.К.(23) кој бил повикан на местото на настанот. Меѓусебна расправија набрзо прераснала во физичка пресметка, по што, во еден момент М.М. со нож го прободил Ш.К. во пределот на слабината, и му нанесол телесна повреда.