29/03/2024
Македонија

23ти Мај неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2019 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.