28/03/2024
Охрид

32 годишна охриѓанка физички нападната од нејзиниот сопруг

На 23.06.2020 година во СВР Охрид, 32-годишна жена од Охрид, пријави дека на 22.06.2020 околу 23 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот сопруг, С.С.(37) од Скопје. Тој, според пријавеното, на сопругата и на членови од нејзиното семејство, им упатувал закани по нивниот живот. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.