5 чекори за решавање на проблемите на потрошувачите

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура: „5 чекори за решавање на проблемите на потрошувачите“.

Оваа брошура нуди информации за постапката за решавање на потрошувачките спорови. Предвидените 5 чекори, се постапки кои може да ги покрене потрошувачот, со цел да го оствари своето право.

Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.