20/04/2024
Спорт

50 дена до почетокот на „Ohrid running weekend“

Точно 50 дена преостануваат до најбогатиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.

Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, а се состои од Атлетската манифестација Охрид трчаТ, подигнувањето на стартните пакети и ноќна трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.

Најава за „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15 мај долж Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18 мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.

Организаторите имаат новитети и изненадувања за учесниците на кои им останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.

Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна ohridtrcat.mk.