6 години заедно со Вас – WebOhrid

На 12 декември 2012 година започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Во изминатите шест години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста, притоа почитувајќи го Кодексот на новинарите, како и професионалните и етички стандарди на медиумите.

Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци.

Им се заблагодаруваме на сите наши читатели за довербата, кои се постојано со нас и кои нè поддржуваат изминативе шест години. Исто така, изразуваме голема благодарност кон сите нашите спонзори и соработници за поддршката која ни ја дадоа изминатиот период.

WebOhrid – Ваш објективен прозорец од Охрид кон светот, но и од светот кон Охрид.