28/03/2024
Спорт

60 дена до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“

Уште точно 60 дена преостануваат до четвртото издание на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“. Оваа година, најголемиот спортски настан во Охрид ќе започне ново поглавје, затоа што организаторите во програмата вметнаа полумаратон (21 километар), кој низ улиците во градот ќе треба да ги донесе најдобрите тркачи од регионов.

Подготовките и покрај пролонгирањето за одржување на настанот се во полн ек. Организаторите, будно ја следат ситуацијата со коронавирусот и ќе ги почитуваат сите мерки и протоколи, кои, ќе бидат издадение од Комисијата за заразните болести и надлежните институции. 

„Охрид трчаТ“ претставен е низ цел свет со разно разни активности. Најмногу акцент е ставено на активни учества на сличните спортски настани со презентација на Охрид како град домаќин. „Охрид трчаТ“ беше дел од маратонот во Сплит, Хрватска, маратонот во Љубљана, Словенија. 

Четвртото издание на најголемата спортска манифестација во Охрид ќе се одржи  од 28 до 30 август. Организаторите подготвуваат низа изнедувања а кога сето тоа ќе се состави со трчање и уживање во Охрид, комбинацијата е совршена. 

За подетални информации околу пријавувањето и сите активности околу организацијата и трката посетете ја страната: ohridtrcat.mk