28/03/2024
Охрид

ACI го рангира охридскиот аеродром меѓу најдобрите 3 со највисок пораст во Европа

Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од страна на ТАВ Македонија, е рангиран во најдобрите 3 аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council InternationalACI) кои што имаат под 5 милиони патници годишно.

Според Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International-ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9% пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата на аеродроми со помалку од 5 милиони патници годишно според ACI, само италијанскиот аеродром во Таранто (+152.2%) и грузискиот аеродром во Кутаиси (+101%) имаат поголем пораст во првото тримесечје од 2019 година од вториот аеродром во Северна Македонија.

Ова признание од страна на ACI Europe е потврда за нашите силни напори да воспоставиме постојан пораст во авиосообраќајот на двата аеродрома управувани од страна на ТАВ Македонија. На Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележавме неверојатен пораст во бројот на патници, односно 64%, поради трите нови авиолинии отворени во последните 6 месеци – Виена во ноември 2018г., Малме и Милано – во март 2019 година. Со дополнителните четири нови дестинации што ќе бидат воведени од ова лето – Меминген, Дортмунд, Штутгард и Дизелдорф, очекуваме да одржиме висока стапка на пораст на охридскиот аеродром, притоа достигнувајќи нови рекорди,“ – изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Порастот на аеродромот во Охрид од над 60% во првиот квартал од годинава, е значително повисок во однос на просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4.4% измерен од Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI). Со стапка на пораст од 5,6% во првото тримесечје од 2019 година, и Меѓународниот Аеродром Скопје, исто така бележи повисок просек од оној низ Европа.

Од неодамна, швајцарската водечка авиокомпанија Edelweiss воспостави нова директна авиолинија од Охрид до Цирих. Оттука, Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид има 5 редовни авиолинии, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано, и 8 сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, а на истите сообраќаат 11 авиокомпании.

Првиот четири месеци од 2019 година ги завршивме со речиси седумстотини илјади патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, односно со 10% пораст на годишно ниво. Скопскиот аеродром ја оствари очекуваната стапка на пораст во бројот на патници од 7% за периодот јануари-април, што очекуваме да бидеме повисока во вториот и третиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации, Баден-Баден и Бремен, што почнаа да сообраќаат во март, како и Ларнака и Турку, што ќе бидат воведени во јули 2019 година. ТАВ Македонија, заедно со сите владини тела од областа на воздухопловството, ќе продолжи да работат на развојот на мрежата на авиолинии на двата аеродрома. Во исто време, задоволството на патниците ќе остане да биде еден од нашите врвни приоритети, со фокус на подобрување и иновација на услугите за авиокомпаниите и патниците,“ – додаде Ерсој.

Во првите четири месеци од 2019 година, вкупно 694.227 патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е пораст од 10% споредено со истиот период во 2018 година.

Меѓународниот Аеродром Скопје ги поврзува патниците со вкупно 42 редовни дестинации, на кои сообраќаат 13 авиокомпании. На Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во моментов сообраќаат 11 авиокомпании на 5 редовни и 8 сезонски дестинации.

ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.