16/04/2024
Струга

Аџиоски: Колку животи ќе чинат изборите?!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати соопштение до медиумите во кое стои: 

„По вчерашната вест, дека во Општина Струга, има вработен кој е заразен со COVID 19, излегоа со соопштение дека, од денес, зградата на Општина Струга се затвара и бараат од сите вработени, да бидат во изолација до следниот понеделник.

Замислете, од една страна, институциите на државата секојдневно се затвараат, бидејќи има случаи на вработени кои се позитивни на вирусот, секојдневно имаме троцифрен број на заболени и за жал голем број на смрттни случаи, а од друга страна Зоран Заев и СДСМ, упорни се во намерата, да организираат брзи избори, без меѓународен мониторинг од ОБСЕ и ОДИХР, без прочистен избирачки список,се со надеж дека ќе го намалат нивниот пораз, неводејќи сметка за здравјето на граѓаните и дали ќе броиме жртви од едни такви избори.

Па би сакал да прашам, колку животи, ќе чинат, изборите?!

Господа од СДСМ, треба да ви е јасно, дека вашето време помина, граѓаните ја видоа вашата неспособност, за водење на Република Македонија и за справување со пандемијата и затоа кога и да се одржат изборите, вие ќе бидете жестоко казнети, како најголемите предавници на Македонскиот народ!

И по кој знае кој пат, ви кажувам, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет на секоја влада,а не да биде загрозено, поради болните амбиции и цели на Зоран Заев, кој го остварува тоа што го кажа претходно дека “живи луѓе ќе јаде”.

За крај, на вработениот во општина Струга, како и на сите граѓани кои се заболени од Covid 19, им посакуваме што побрзо закрепнување, а на останатите граѓани им посакуваме да останат во добро здравје!

Да ги почитуваме и следиме мерките на Светската здравствена организација и да го заштитиме сопственото здравје!

Зашто здравјето на граѓаните е пред се!“ – вели Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга и кандидат за пратеник.