23/04/2024
Македонија

АХВ и ОПМ го издадоа првиот е – билтен „Потрошувачите и храната“

Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачите на Македонија го издадоа првиот електронски билтен  „Потрошувачите и храната“. Првиот број на е- билтенот е подготвен во рамки на владината  Програма за заштита на потрошувачите за 2018-та година, во која до крајот на годинава, еднаш месечно, ќе бидат подготвени уште девет електронски билтени.

Првиот број на е – билтенот „Потрошувачите и храната“ содржи информации за тоа на што треба да внимаваат потрошувачите кога купуваат храна, а посебен осврт е даден и на темите  „Од каде доаѓа мојата храна“, „Нутритивен профил“, „Поврзаност на исхраната со јавното здравје и можности за интервенции“, „Хемиски опасности во храната“ и „МЛЕКО – производ кој не треба да го избегнувате!“.