28/03/2024
Македонија

АХВ ќе ја продлабочи соработката на полето на здравствената заштита и ветеринарните препарати и со Италија

На маргините на 86 -тото Генерално собрание на Светската организција за здравствена заштита на животните – ОИЕ , кое годинава се одржува од 20 – 25 мај во Париз, Франција, директорот на Агенцијата за храна и ветеринартво, др Зоран Атанасов, како што беше претходно најавено, одржа билатерална средба со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарни препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело.

Целта на состанокот беше продлабочување на досегашната соработка и дефинирање на идните активности меѓу институциите на двете земји. На состанокот беше разменет и дискутиран нацрт договорот за соработка во областа на здравствената заштита на животните и ветеринарното јавно здавство, во кој ќе се утврдат подетално областите на соработка, а кои се од интерес на двете земји. По конструктивните дискусии и технички ревизии, како и завршувањето на постапката за склучување договори, финализирање на договорот се очекува на почетокот на јули 2018 година.