29/03/2024
Охрид

АК „Брег на младоста” ги промовирше проектите пред највисоките државни органи

На 13.03.2019 година, 7 члена делегација на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста” составена од млади лидери, а поддржана од општина Охрид, престојуваше во Скопје да ги промовира проектите:

  • Меѓународен акцијашки камп Охрид 2019;
  • Проектот “ Во еден здив Охрид чист “, кој ќе го реализира во соработка со ОУ “Ванчо Николески“ и ЈП Охридски Комуналец и да побара измени и дополнување во Законот за волонтерство и акцијаштво.

„Бевме примени во Владата на Р.М. Каде во свечената сала не прими специјалниот советник на премиерот за млади Г-динот Ѓорѓи Тасев и ни вети комплетна подршка во нашите заложби, а и со задоволство потпиша пристапница и стана наш почесен член.

Не прими и заменикот министер за ж. средина Г-динот Јани Макрадули кој изрази восхит од нашите идеи и несебична и безрезервна поддршка.

Го посетивме Парламентот, каде бевме примени од пратениците Јован Митрески и Рубин Земон кои ја ветија својата подршка и заложба за промена и дополнување во Законот за волонтерство и акцијаштво и подршка на останатите проекти. Благодарност што не примија на свечен ручек во парламентот.

Како искусен акцијаш и наш подржувач не прими и градоначалникот на општина Гази Баба Г-дин Борче Георгиески. Се заблагодари за нашето учество на младинската акција “Скопје на нашите дланки 2018“ и ни додели пригодни подароци. Ни вети целосна подршка во нашите напори и стана дел од нашето членство.

Невозможното е наша цел.“– стои во соопштението на Акцијашкиот клуб “Брег на младоста”.