25/04/2024
Охрид

АК „Брег на младоста“ ќе биде дел од означувањето на туристичката сезона за поубав Охрид

Акцијашкиот клуб „Брег на маладоста“ не мирува. Членовите со својот ентузијазам, енергија и младост активно ќе се вклучат во организација на белите ноќи, со кои ќе се означи туристичката сезона за поубав Охрид, од 1 – 6 Јуни 2018 година.

Потоа на 15 – 17 Јуни, делегација ќе присуствува на одбележувањето на 75 години од Битката на Сутјеска и 30 години од учество на младинската бригада од Охрид на таа Акција.

Врв на ангажманот ќе биде учеството на одбележување 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, од 22 – 29 Јули каде 300 млади од бивша Југославија а 50 од Охрид ќе учествуваат во санација на кризни подрачја но и дружење, солидарност како и спортски и културни манифестации.