16/04/2024
Охрид

Акатист и богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 23 март 2018 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост), на Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

25 март 2018 година (недела), по повод празникот недела на „Св.Марија Египетска“ ќе се служи света Василиева литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.