Акција на СДСМ Охрид „Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена“

Под мотото: „Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена“, денеска кандидатите за пратеници на СДСМ од ОО во Охрид, актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски во соработка со Клубот на СДММ Охрид ја спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид-19.

На две локации: Кеј Македонија и од Стара Чаршија до пазарот, Лазаревска и Таневски на граѓаните им делеа флаери со најважните информации сврзани со корнавирусот како и 1000 маски за еднократна употреба и подобра заштита од него. Поентата на средбите кои наидоа на позитивен одзив кај граѓаните беше заокружена со пораката: „Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со корона вирусот“.

This slideshow requires JavaScript.