23/04/2024
Македонија

Акциска контрола за санкционирање на брзо возење во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.12.2018 година во периодот од 06,00 до 22,00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Шест возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место, а 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Издадени се 53 мандатни налози. Откриени се и 45 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.