16/04/2024
Охрид

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Расчистена е локацијата околу контејнерите на ул „Славеј Планина“ каде несовесни граѓани го деградирале просторот создавајќи дива депонија од натрупан градежен шут, зелен отпад и комунален отпад. Оваа акција се одвиваше во координација со екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ кои ги уредуваа зелените појаси во оваа населба, информираат од претпријатието.

„Од раните утрински часови дежурните служби на „Јавна хигиена“ вонредно го расчистуваа кејот. Силните бранови исфрлија и наталожија големо количество муљ, трска и друг вид отпад посебно во делот околу новото и старото пристаниште.

Изминатиов викенд оспособено е и специјалното возило „метачка“ со кое во есенскиов период многу полесно ќе се одржува хигената на јавните површини и ќе се расчистуваат паднатите лисја.“- додаваат од претпријатието.