28/03/2024
Дебрца

Активности за реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи

Изминатата седмица во рамките на „Програмата за јавни работи” на територија на општина Дебрца се изведуваат зафати за расчистување на дивите депонии, односно расчистувања на крајпатната вегетација која со години наназат преставува сериозен проблем во непреченото одвивање на сообраќајот.

„Започнуваќи од  5-ти јуни-светскиот ден на животната средина, во општина Дебрца се отпочна реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи. Jавните работи ќе се организираат за одржување на јавната инфраструктура и одржување и заштита за животната средина и природата ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавниповршини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, подобрување на условите за живеење и други работи). Со програмата работно се ангажирани 10 долгорочно eвидентирани невработени лица, за период од 5 месеци. За потребите на јавните работи набавени се машини, хтз опрема и алати ( моторна коса тример, моторна пила телескопска, машина за сечење на асфалт, моторна пумпа за наводнување и одводнување, апарат за заварување, брусалици, градинарски и друг алат), а ќе биде ангажирана и дополнителна механизација. 

Во програмата за развој на комуналните дејности во 2018 година плниравме набавка на механизација ( трактор и мулчер ) за чистење на крајпатната вегетација на сите општински патишта. Чисти и прегледни патишта се предуслов за безбедно одвивање на сообраќајот.“ – истакна градоначалникот Ногачески.