29/03/2024
Струга

Албански државјанин починал откако на него паднало дрво

На ден 16.09.2018 година во 13:45 часот во Општата болница во Струга донесено е починато лице кое било повредено при работа со дрва кај струшкото село Франгово.

По преземени мерки од страна на надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, констатирано е дека се работи за Бујар Х. (36) од селото Рајце општина Либражд-Република Албанија кој бил на работа во месноста викано „Гропа“ атар на село Франгово. Во еден момент, врз него, од висина околу 10 метри паднало дрво при што истиот се здобил со повреди и посекотини на главата. Повредениот бил пренесен до селото Мали Влај каде ги чекала медицинска екипа од Итната медицинска помош-Струга кои се обиделе да го реанимираат но истиот не покажувал знаци на живот. Смртта била констатирана во Општата болница во Струга.

По наредба на надлежен Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.