19/04/2024
Македонија

Албански државјанин предизвикал тепачка во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.М.(23) од селото Весјан, Република Албанија.

На 30-ти минатиот месец во 18 часот и 30 минути, пријавениот предизвикал вербална расправија во која учествувале уште три други лица- две од Елбасан-Република Албанија и едно од Кичево. Настанот се случил на улицата „Гоце Делчев“ кај место викано „Берза“ каде започнала жестоката вербална расправија која по кратко време прераснала во меѓусебна тепачка. Притоа, сега пријавениот физички го нападнал Х.К. (53) од Кичево удирајќи го со раце и нозе по главата. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево каде му биле констатирани тешки повреди и му била дадена неопходна медицинска помош.