19/03/2024
Струга

Албански глисер не застанал на наредба од полиција кај Радожда

На 02.08.2020 околу 22:30 часот полициски службеници од Полициска станица „Охридско езеро“ се упатиле наспроти с.Радожда, струшко каде забележале глисер со албански национални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело, како се движи кон Р.Албанија.

По издадена наредба од полициските службеници за запирање на глисерот, пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удриле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници испукал четири предупредувачки куршуми, а лицата се упатиле кон с.Лин,Р.Албанија.

За настанот се известени пограничните органи на Р.Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.